Индискиот сој на коронавирусот предизвикува побрзо преминување од лесните симптоми во тешки форми на болеста Covid-19, изјави во неделата за руската јавна телевизија Россия-1, Александар Гинцбург, директор на научниот центар „Гамалеја“ кој ја разви „Спутник V“ првата вакцина против вирусот официјално одобрена во светот.
„Индсикиот сој е полош, го скусува времето на преминување од благите сомптоми кон тешки форми на болеста, а со тоа се намалува времето коешто е потребно за да се појават сопствени антитела“, предупредува Гинцбург.
Меѓутоа, научникот вели дека антителата создадени по вакцинирањето со „Спутник V“ против коронавирусот, штитат од сите досега познати соеви на коронаворусот.
„Антителата кои се произведуваат во орагнизамот по аплицирањето на Спутни V штитат од сите соеви познати досега, од британскиот залучно со делта, односно индискиот сој“, уверува Гинцбург.
Им порача на Русите, кои избегнуваат да се вакцинираат против Covid-19, дека „почнуваат да играат рулет со овој вирус“, и ги предупреди дека „веројатноста да загубат изнесува до 10 проценти.