Делови од Северна Америка се погодени од бран жештини, а во Канада беше регистрирана рекордна температура од 46,6 степени Целзиусови. Највисоката температура е регистрирана во неделата во Литон, Британска Колумбија, јави Би-Би-Си.
Исклучително високите температури се должат на поле со висок притисок над северозападот на САД и пацифичките делови на Канада.
Експертите предупредуваат дека климатските промени може да се зголемат застапеноста на екстремни временски прилики како што се жештини, а ваквите климатски промени може да бидат придружени со зголемување на бројот на жртви од поплави, бури и горештини.
Се предупредува и за неколкудневните жештини низ северозападниот дел на САД и делови од западна Невада и Калифорнија.