Истрагата за овој случај под кодно име Дизајн ја отвори поранешното СЈО а ја водеше обвинителката Лиле Стефанова која во април премина во Организиран криминал.
Обвинителството ги сомничи Миле Јанакиески, Игор Јанушев и уште двајца вработени во Министерството за транспорт дека ја искористиле својата службена положба и спротивно на Законот за јавни набавки ја фаворизирале кинеската фирма со која подоцна бил склучен договорот за набавка на 202 автобуси, а штетата по државниот буџет се проценува на скоро 5 милиони евра. Според обвинителството, кинезите немале доставено банкарска гаранција и сертификат за квалитет како што било пропишано во тендерската документација.