Доколку може да им се верува на странските таблоиди, познатиот актер Леонардо Ди Каприо наскоро би требало да застане пред олтарот.
Тој веќе осум месеци е во врска со манекенката Камила Мороне, а според изјавите на пријателите на славниот актер, тој никогаш не сакал некого како неа.
Имено, дваесет и едногодишната Камила инаку е ќерка на популарната аргентинска актерка Лусила Сола, која има исто години колку Леонардо, а позната е по врската со колегата на Леонардо, Ал Пачино.
Леонардо последните неколку години често менуваше девојки, главно млади манекенки, но се чини дека во Аргентинката Камила Мороне ја пронајде сродната душа.
Летото го поминаа крстарејќи по брегот на Италија, а како што се ближи есента, се погласни се шпекулациите дека овој пар спрема свадба.