Нови посебни мерки за Тетово засега не се планираат, но утре ќе биде предложена нова мерка за целата земја. Ова денеска го изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Новата мерка ќе се однесува на сите граѓани, македонски и странски државјани.

-Мерката ќе се однесува за влез и излез од нашата земја. Ќе биде барана потврда за вакцинација, негативен ПЦР тест или доказ за прележување на болеста, истакна Филипче.

За мерката ќе се одлучува утре.