Главниот тренер на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, по победата во натпреварот од второто коло во Ла Лига со Елче (1:0), зборуваше за проблемите на мадридскиот тим.
– Подготвувањето за сезоната беше тешко. Нашите играчи одиграа многу меѓународни натпревари. Мора да работиме на нивната свежина. Сакаме да стекнеме нови двајца играчи, потребен ни е напаѓач. Ќе бараме соодветна опција. Ако не можеме да најдеме, ќе мора да се прилагодиме, како и секогаш, изјави Симеоне за „Марка“.
Атлетико по две кола има шест бода и го зазема првото место во поредокот.
Клубот од Мадрид е бранител на шампионскиот трофеј.