Скопски пазар АД Скопје ќе ја започне целосната реконструкција на пазарот Бит-пазар. Со новиот изглед и зголемениот капацитет, реновираниот центар Бит-пазар, како што се најавува, треба да прераснува во најголемиот пазар во државата.
На настанот најавени се обраќања на премиерот Зоран Заев, првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, како и генералниот директор на Скопски пазар АД Скопје, Младен Дамев.
Забележливо е како што се ближат локалните избори во октомври, се позасилено брчат багери, се удираат темелници и чукаат чекани низ Скопје, но и пошироко низ Македонија. А многу од ветените проекти пред претходните избори, како што беше сообраќајница и тунел под Калето, зиплајн и многу други се „завршени во заборав“.