Во денешното гостување во „Анализа 24“ во Телевизија 24 претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а во врска со реконструкцијата на куќата на градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, кој денеска рече дека тоа се’ е легално, Мицкоски истакна дека Петре Шилегов не ја кажува вистината за неговата дивоградба, а времето на одговори ќе дојде.
-Суштинската разлика е помеѓу тоа што има разлика помеѓу надградба, доградба и реконструкција и токму тоа што Петре Шилегов го гради е надградба, вели Мицкоски.
Токму поради таа суштинска разлика, тој не смеел да крене уште еден спрат, зашто токму тоа е надградба, за што има посебна процедура.
-Ако е тоа вцртано во Урбанистичкиот план дека таму треба да биде висината десет метри, а висината на моменталниот објект е седум метри, тогаш вие си поднесувате проект во општината или во надлежната институција добивате за тоа соодветно одобрение, ви ги пресметуваат комуналиите и вие си плаќате за тоа колку чини и вие си стартувате со градба. Тоа е она што сака да каже Наум Стоилковски и тоа е вистината, рече Мицкоски.
Тој вели дека реконструкција е нешто друго, реконструкција јас можеби реконструирам нешто внатре и можам да добијам одобрение за градба, односно измена на тој проект којшто предходно сум добил дозвола и сум го изградил со тоа одобрение за градба, и тоа е разликата, посочи Мицкоски.
Што се однесува до скопските општини, Мицкоски посочи дека меѓу останатите, ВМРО-ДПМНЕ е убедлив фаворит за победа во Општина Аеродром.
За тоа кој ќе биде кандидатот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во оваа општина, Мицкоски појасни дека во моментот трае последното мерење на јавното мислење и дека до сабота ќе биде познато името на идниот градоначалник на Општина Аеродром.
-Во моментот трае едно такво мерење на јавното мислење, би рекол четврто во Аеродром и бидејќи до сабота е последниот рок до 11-ти, ќе донесеме одлука за тоа кој ќе биде кандидатот затоа што многу внимателно бираме. Таму ВМРО-ДПМНЕ е фаворит и сакаме навистина решението кое што ќе го понудиме, да биде решение кое што ќе го одберат мнозинството жители на Општина Аеродром. Така што се надевам, набрзо односно сум сигурен дека до сабота мораме да го објавиме бидејќи истекува рокот, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.