МИЛОШОСКИ ЗА ЕРМЕНСКИОТ СКАНДАЛ: Тројцата дипломати се извршители, не можеле сами да земат државен авион, нарачател е некој друг

/ 07.09.2021

Скандал без преседан каде македонски дипломати спротивно на сите меѓународни норми ја злоупотребиле својата функција, а Македонија е на потсмев на меѓународната јавност, воедно и најслаба алка во системот на Интерпол каде на меѓународно докажани криминалци за трговија со дрога, нарко босови им се давале македонски пасоши за да се избегнат потерниците, изјави Антонио Милошоски на ТВ Алфа.

-До сега не се случило освен државата да изнајми авион за некакви потреби државни, немало дипломат, ниту амбасадор кој бил во можност да изнајми приватен авион, затоа сметам дека овие тројца дипломати се само извршители во овој скандал во оваа ерменска рекет афера, а веројатно некој друг е нарачател, претпоставувам дека нарачателот е актуелен во Македонија, и има силна влијателна позиција, истакна Милошоски.

Милошоски посочи дека организирањето на ваквата операција, конекциите, логистиката, договарањето на сумата, веројатно ја водел некој друг кој им дал налог.

-Видовме дека Македонија со овој скандал е најслабата алка во системот на Интерпол, бидејќи на меѓународно докажани криминалци за трговија со дрога нарко босови им се давале македонски пасоши за да се избегнат тие потерници, а во овој случај системот бил унапреден со деливери систем, каде македонски патни исправи им биле давани на лица од Ереван и на истиот му било овозможено со приватниот авион кој овие дипломати го изнајмиле да замине во Виена и од тогаш му се губи трагот, вели Милошоски.


Од истата категорија