Решавање на актуелните проблеми, како инфраструктурните и канализационите се приоритетни за жителите на Никиштане, а токму тие заземаат значаен дел од програмата за рамномерен развој на сите скопски општини на независната кандидатка Данела Арсовска. На денешната средба на Арсовска со никиштанци се зборуваше и за динамиката на решавањето на овие проблеми.
–Никиштане е дел од Ѓорче Петров и од Скопје и така треба да биде третирано, со еднаков пристап до градските капацитети за подобрување на условите во општината и за решавање на бројните проблеми. А оваа општина има потреба од многу повеќе, овде недостигаат елементарни услови за секојдневно функционирање, како решавање на канализацијата, а освен тоа неопходни се и многу други работи, дополнување со содржини за секојдневните потреби како и реконструкцијана постојните капацитети, истакна независната кандидатка.
Никиштанци се пожалија дека во нивното село најмалку се вложувало, имаат сериозен проблем со канализационата мрежа и истакнаа дека досега многу се ветувало, а не се реализирало и доста им е од лажни ветувања.
Арсовска во разговорот со жителите на ова скопско село уште дополни дека „Скопје со сите општини треба рамномерно да се развива. Затоа потребни се брзи решенија кои ќе значат конечно надминување на затекнатите состојби.