Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро истакна дека е горд што игра во период на „големата четворка“ и дека не го фрустрира тоа што Рафаел Надал, Роже Федерер, Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј досега му препуштија само една гренд слем титула.

Дел Потро претпе пораз од Ѓоковиќ во неделата во финалето на Ју-Ес опен, а најдобриот српски тенисер ја освои третата титула на овој турнир во кариерата.

– Да се игра во исто време со Надал, Федерер, Ѓоковиќ и Мареј претставува сериозен проблем за освојување на титули. Искрено не ме фрустрира „големата четворка“ што досега имам само една гренд слем титула. За мене е гордост да се натпреварувам со овие спортски легенди, истакна Дел Потро.

Аргентинскиот тенисер досега има освоено само еден трофеј на гренд слем турнирите и тоа на Ју-Ес опен во 2009 година.