Според вчера изнесените податоци на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во септември 2021 година, во однос на септември 2020 година, изнесува 92.0.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2021 година, во однос на септември 2020 година, бележи пораст од 30.4 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 15.1 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 11.5 %.
Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.
Според главните индустриски групи, производството во септември 2021 година, во однос на септември 2020 година, бележи опаѓање кај Капитални производи за 41.0 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.2 %, додека пораст бележи кај Енергија за 15.9 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 5.8 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 9.9 %.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – септември 2021 година, во однос на периодот јануари – септември 2020 година, изнесува 102.9.