Професорот Николај Петровски штотуку ја разви првата успешна вакцина во Австралија по 40 години, пишува Ребека Вајсер во Спектатор Австралија.
Во секој, барем приближно нормален свет, Петровски би бил славен. Наместо тоа, тој беше избркан од неговиот универзитет и му се заканиле со апсење ако стапне во неговата канцеларија. Зошто? Затоа што одбил да вакцинира против САРС КОВ 2 со една од вакцините одобрени од Администрацијата за терапевтски производи -TGA (а TGA ги има одобрено само западните вакцини). Тоа е иронично.
Петровски се имунизирал со сопствена вакцина пред повеќе од една година. Неодамна завршените испитувања во фаза III покажуваат дека таа вакцина е многу побезбедна од која било вакцина одобрена од TGA и подобра во спречувањето на инфекција и пренос на вирусот Sars-Cov-2. Оваа недела, TGA ја истакна кинеската вакцина Sinopharm и индиската Covaxin како ефективни. Сепак, TGA одбива да ја разгледа австралиската вакцина на Петровски додека тој не плати такса од 350.000 долари.
Маките на Петровски се предупредувачка приказна за владите кои избираат губитници и ги казнуваат победниците, вели Ребека Вајсер. Освен што е професор по медицина на Универзитетот Флиндерс, директор за ендокринологија во Медицинскиот центар Флиндерс и потпретседател и генерален секретар на Меѓународното здружение за имуномика, Петровски е основач на Ваксин, австралиска биотехнолошка компанија која има освоено бројни награди и е финансирана од Националниот институт за здравје на САД.
И покрај извонредната листа на достигнувања, апликацијата на Петровски за финансирање за развој на вакцина против Ковид беше одбиена од федералната австралиска влада. Наместо тоа, владата финансираше проект развиен од Универзитетот во Квинсленд и поддржан од CSL, единствениот производител на вакцини во Австралија. Пред да се завршаи пробната фаза I, федералниот министер за здравство, Грег Хант, најави инвестиција од 1,7 милијарди американски долари за претходна нарачка на 84,8 милиони дози други вакцини, меѓу кои и таа на AstraZeneca.
Проектот никогаш не успеа да ја надмине пробната фаза I, но CSL сè уште одбива да ја произведе вакцината на Петровски, а федералната влада одбива да финансира вакцина што не се произведува во Австралија. Резултатите од испитувањата на Петровски на животни покажаа не само дека неговата вакцина е безбедна, туку и дека вакцинираните животни произведуваат неутрализирачки антитела во носот и грлото, блокирајќи го преносот на животните кои не биле имунизирани. Пред да ја инјектира вакцината во било кој друг човек, Петровски ја инјектирал во себе за да ја покаже својата доверба во производот. Споредете го тоа со извршниот директор на Pfizer, Алберт Бурла, кој почна да ги дозира луѓето со нивната експериментална вакцина на 23 април 2020 година, а самиот Бурла ја прими својата прва вакцина против Pfizer дури на 21 март 2021 година.
Така, наместо оваа вакцина на Петровски да биде голема австралиска успешна приказна, тој мораше да се здружи со ирански производител за да ја произведе неговата вакцина Covax-19…
Зошто Петровски се соочи со толку многу пречки? Петровски беше еден од првите големи западни научници кој рече дека откако го проучувал вирусот, сфатил дека е многу е малку веројатно дека тој би можел да ги стекне неговите необични карактеристики, освен во лабораторија. Тоа значи дека САСР КОВ 2 не е природен, туку вечташки вирус.
Тоа, се разбира, ги налути моќните и влијателни луѓе. Но, има ли нешто помрачно? Петровски вели дека еден владин пратеник му рекол дека вратите во Канбера, ќе останат затворени за него, освен ако не плати лобист да ги отвори.
Од друга страна, Pfizer, AstraZeneca, Merck, Novartis и Sanofi имаат мошне длабоки џебови за да си го отворат патот.
Без оглед на вистината, оваа недела, најуспешниот вакцинолог на нацијата беше избркан од работа за време на глобална пандемија, во време кога во цела Јужна Австралија беа отпуштени десет отсто од здравствените работници затоа што одбија да прифатат дека мора да се вакцинираат. И сето тоа, две недели пред границите на државата да се отворат што неизбежно ќе доведе до зголемени хоспитализации на ранливи луѓе.