Поранешниот соработник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Бенон, денеска се предал на ФБИ, откако беше баран за обвинение за непочитување на Конгресот затоа што одби да соработува со избраниот комитет на Претставничкиот дом за нападот врз Капитол, на 6 јануари, пишува Еј-Би-Си Њуз.
Бенон во петокот беше обвинет по две точки, за непочитување на судот затоа што не постапил по наредбата на комитетот да приложи какви било записи и да сведочи за тоа што знаел за нападот.
Неговиот адвокат во повторените писма до комисијата тврдеше дека Бенон имал привилегирана комуникација.