Министерството за внатрешни работи демантира дека бил извршен „полициски упад“ во телевизијата.
Министерството за внатрешни работи постапува согласно законските прописи на Република Македонија. Кривичните предистраги и истраги се водат согласно Законот за кривична постапка, а Министерството за внатрешни работи има обврска да постапува по именуваниот закон. Во објавениот натпис на АЛФА телевизија и прикажаното оригинално барање од МВР јасно се гледа дека Министерството постапувало по Наредба на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и не извршило никаков „упад“ во телевизијата.
Во дописот на МВР се вели дека полицијата претходно доставила писмено барање за обезбедување на документација, која има обврска веднаш по обезбедувањето да ја достави до Јавното обвинителство.