Најмалку 22 луѓе починаа во Истанбул, а 16 се хоспитализирани и се во тешка здравствена состојба откако пиеле илегален алкохол, соопшти денеска Канцеларијата на локалниот гувернер.
Турските власти ги интензивираат мерките против фалсификуваните пијалоци ширум земјата пред Нова година.
Единаесет од починатите и петмина од хоспитализираните се странци.
Полицијата уапси четири лица под сомнение дека се поврзани со производство и продажба на алкохол.
Во изминатите четири дена од труење до метил алкохол починаа 26 луѓе во девет турски провинции, вклучително и Истанбул.
Властите извршија рација на околу 300 локации низ Турција и запленија илјадници литри нелегален алкохол со цел да го спречат производството на нелегални алкохолни пијалоци. Приведени се најмалку 85 осомничени.
Смртните случаи од нелегален алкохол не се невообичаени во Турција, каде што луѓето, соочени со зголемените цени на алкохолните пијалоци, купуваат поевтините, најчесто дома произведени алкохолни пијалоци.
Зголемената инфлација и државните даноци и регулирањето на потрошувачката на алкохол ги подигнаа цените на алкохолните пијалоци на на највисоко ниво досега.