Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, е позитивен на коронавирус, откако, како што претходно беше најавено, имал контакт со заразено лице.
„Претседателот има благи симптоми и се чувствува добро“, соопшти кабинетот на Ѓукановиќ.
„Во согласност со епидемиолошките мерки тој се наоѓа во самоизолација, од каде ќе ги извршува редовните претседателски обврски“, наведуваат од кабинетот.