Околу 600 пациенти до сега ја примиле моноклонална „коктел терапија“ кај заболени пациенти од Ковид-19 со тешки хронични заболувања на Клиниката за инфективни болести.
Ова го потврди директорката на клиничката болница, Милена Стевановиќ. Инаку терапијата беше набавена за 1.200 пациенти, а само двајца или тројца починале откако ја примиле истата.
– Терапијата се дава строго по сериозни индикации во рана фаза до 10-иот ден од болеста кај пациенти кои имаат коморбидитети, а имаат добар тек на живот со хроничната болест, информира Стевановиќ за ТВ24.
Кај најголем дел од пациентите инфекцијата се повлекла, кај други продолжила, додека починале неколкумина кај кои најверојатно лекот е даден доцна поради непрецизни податоци кога почнала болеста.
Во јули Министерството за здравство информира дека пристигна најсовремениот метод на терапија за пациенти заболени со вирусот Ковид 19, моноклонална „коктел терапија“ со антитела од лековите “CASIRIVIMAB и IMDEVIMAB”, одобрена за употреба од Европската агенција за лекови (ЕМА).