-Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, телефонски разговараше со претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин. Рускиот претседател даде гаранции дека Русија ќе се придржува до договорот и дека Србија ќе има доволно количества гас оваа зима, јави дописникот на МИА од Белград.
-Претседателот Путин го увери претседателот Вучиќ дека Русија ќе се придржува до договорот и дека Србија ќе има доволно гас оваа зима, се вели во соопштението од прес службатат на срспкиот претседател, во кое се додава дека двајцата преседатели разговарале и за аранжман кој обезбедува дополнителни количини на гас.
Вучиќ му се заблагодарил на Путин за испораката на противоклопните ракети Корнет, оценувајќи дека „тие ракети од руско производство се најдобри во светот и дека претставуваат големо засилување за војската на Србија“, се истакнува во соопштението.
Вучиќ и Путин констатираа дека економските врски меѓу Србија и Русија постојано се зајакнуваат, а можностите за соработка на полето на економијата се далеку поголеми од искористените и дека има простор за нови заеднички проекти.
-Во таа смисла, тие посочија дека очекуваат наскоро потпишување на Договор за стратешка економска соработка меѓу Србија и Русија и позитивно го оценија договорот што го потпишаа Петрохемија (Панчево) и Газпром, се додава во соопштението.