Агенцијата за управување со одземен имот се откажа од намерата за продажба на АД Славија.
Според созанијата што ги пренесуваат некои медиуми, Агенцијата пред Македонска берза го образложила откажувањето на продажбата со покренатата постапка на поранешни вработени на Славија, кои бараат акциите, а со тоа и имотот на друштвото да не се продаваат, додека не си ги наплатат заостанатите плати и продонеси.
Ваквиот епилог следува откако опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека власта преку Агенцијата за конфискација сака на блиски луѓе да им продаде за 218 илјади евра имот, кој, според партијата, вреди над 20 милиони евра.
ВМРО-ДПМНЕ обзнани дека Славија има 800.00о евра годишна добивка а сакаа целиот имот да го продадат за околу 218.000 евра.
Според портпаролот на партијата, Димче Арсовски, имото на АД Славија вреди повеќе од 20 милиони евра.