Пoранешниот албански претседател и експремиер Сали Бериша, кој себе си се гледа повторно на чело на опозициската Демократска партија, за 8 јануари најави масовен национален протест како „единствен начин за спас на земјата“.
На 20 декември Бериша ги предводеше приврзаниците на протест против иницијативата „Отворен Балкан“ и доаѓањето на српскиот претседател Александар Вучиќ во Албанија, а сега покрај спасот на земјата ќе протестира и за да го преземе партиското седиште.
– На 8 јануари ќе одржиме масовен национален протест кога 44.000 членови на ПД, кои потпишаа да направат историја ќе го превземат на користење објектот – седиштето на партијата. Тоа ќе биде потврда за нашата моќ за спас на земјава и уривање на наркодржавата на чие чело е Рама, рече Бериша во телевизиска емисија.
По одржувањето на Националното собрание на 11 декември, кога беше разрешен актуелниот лидер на ПД, Љуљзим Баша, и потврдата на одлуката, на референдумот спроведен за членството на 18 декември со, според него, 44.000 гласови, повеќе од јасно е дека „Баша, кој е само пратеник, мора да го напушти партиското седиште“.
Тој пак доби безрезервна подршка од Националното собрание и го исклучи Бериша од сите партиски структури.
Приврзаниците на Бериша двапати се обидоа насилно да влезат, еднаш успешно, се задржаа кусо и заминаа.