Не е тајна дека поголемите партии кај нас, па и не само поголемите, имаат твитерџии и фејсбукџии кои се задолжени да ја шират нивната пропаганда. Иако тоа се повеќе изгледа смешно, бидејќи најчесто тука на површина испливува сето лицемерие и дволичност на партиите и нивните впрегнати пропагандисти, партиите не се откажуваат од ова водење на политика преку социјалните мрежи.
Не е тајна и дека по почетокот на корона кризата, имаше сурија такви на Твитер и ФБ кои беа задолжени да се грижат за ликот и делото на Филипче. Кусогледоста на таквата политика е дека тоа не го намали бројот на мртвите, а ете, по година ипол од кризата, дојде и фајронт песната за „најуспешниот министер за здравство“ што го имала Македонија, како што пред некој ден се изјасни Заев, иако тој најуспешен министер има над 4 00о мртви од Ковид на милион жители и уште толлу повеќе од други болести, тколку што е тоа вообичаено.
Но, дека тоа не е така само кај нас, покажува и оваа слика од десетина Твитер објави на англиски јазик – сите идентични, а кои имаат за цел да ги натераат луѓето да се вакцинираат, иако токму тој начин ги одвраќа луѓето од вакцинирање. Така што, ние очигледно сме копирале нечиј друг систем на пропаганда, иако тој се покажува како неуспешен, бидејќи на луѓето се повеќе им е јасно оти вакцините едноставно не се доволно добри.