-Почнувајќи од летото 2020 година веднаш после парламентарните избори имавме прво покачување на цената на електричната енергија, но тоа се однесуваше само на регулираниот пазар, само на домаќинствата и малите потрошувачи тоа беше некаде 7,5 проценти. Тоа значи дека директно кај регулираните компании се слеваа повеќе пари од граѓаните и се очекуваше тие правилно да инвестираат, правилно да функционираат, тоа се главно државни компании со исклучок на ЕВН дистрибуција. Меѓутоа за жал, наместо да се случи такво нешто имавме уште полоша ситуација па летото во 2021 година имавме повторно зголемува на цената на електричната енергија за 12,5 проценти, која што само добро беше замаскирана со намалување на ДДВ-то за граѓаните и тоа беше во закон кажано дека ќе важи од период од една година, вели Елена Маркова Велинова, претседател на Републичката комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната трибина во партиското седиште насловена „Високи цени, ниски плати – Што може да се очекува од 2022“.
Маркова Велинова посочи дека 2021 година завршила со зголемување на електричната енергија но и укинување на евтината струја за која како што рече таа СДСМ во кампањата во 2016 година ветувала дека со евтината струја ќе се вратат и парите кај граѓаните.
-2021 година ја завршивме со фамозни 9,48 проценти зголемување, но и едно преќутно зголемување предизвикано поради укинувањето на дневната евтина тарифа, за која што за програмата „За живот“ во 2016 година и тоа како се алудираше на тоа дека парите ќе се вратат кај граѓаните со тоа што ќе се воведе евтина струја, која што веќе ја нема, додаде таа.
Како една од причините за енергетската криза, Маркова Велинова ја гледа во лошото менаџирање и комплетно погрешната енергетска стратешка политика.
-Причина за вакво нешто е лошото менаџирање, лошото работење на енергетските компании и за жал една комплетно погрешна енергетска стратешка политика. Зошто го велам ова? Вие не можете да имате една здрава држава, здрава економија, а да немате јаки, здрави и богати енергетски компании кои што дома ќе произведуваат електрична енергија, здрав преносен систем оператор кој што ќе ја пренесува таа електрична енергија до дистрибутивниот систем. она што сите го знаеме е дека МЕПСО некаде крајот на 2020 година со 6 милиони загуба, ЕЛЕМ ја завршува со 17 милиони евра загуба. Ова кажува дека не што се случува, понатаму имаме енормно намалување на домашното производство на електричната енергија, истакна Маркова Велинова.
Маркова Велинова посочи дека како опозиција предупредувале за крахот во енергетиката, но биле исмејувани од страна на надлежните, додавајќи дека поради ако не копате свој јаглен, ако ги празните акумулациите тогаш кога не треба да ги празните тогаш доаѓа до ваков крах во енергетиката.
-Понатаму многу важно ако вие го намалувате производството, ако вие не копате свој јаглен или ако ги празните акумулациите тогаш кога не треба да ги празните, ако во август 2021 година сигнализираме дека на берзата се случува нешто што ќе предизвика турбуленција, како опозиција масовно сигнализиравме, повторно бевме исмејувани, почнуваат цените на берза да растат, во еден момент достигнуваат и до 250, 300, па и 350 евра за мегават час, домашното производство го немате така како што треба да го имате, тогаш се случува овој крах кој што се случува во моментот, рече таа.
Маркова Велинова нагласи дека власта не е способна да ги продолжи проектите на ВМРО-ДПМНЕ, заклучувајќи дека сега не само што нема нови производни капацитети, туку се уништуваат и постоечките.
-Вие во период од 5 години да седите по трибини и да коментирате дека во последните 10 години не е изграден ниту еден производен капацитет во државата и да ви биде единствено оправдување мислам дека е жално. Слободно можам да кажам дека во времето на ВМРО-ДПМНЕ посебно оние 11 години и тоа како добро се одржуваа енергетски капацитети дури и се градеа и нови, можеби не се големи, но се многу значајни и од посебна важност се што производството на електрична енергија на домашната електричната енергија и се обрнуваше внимание. Но, за жал сега не е така. Сега немаме ниту нови производни капацитети, а се уништени и постоечките. Истото тоа се случува и во гасификацијата. Она кое што ВМРО-ДПМНЕ и го остави и како пари и како проекти и како изградени гасоводи, само требаше да бидат доволно мудри, вредни, прецизни, исправни и сето тоа да го продолжат. Но, за жал она што го изгради ВМРО-ДПМНЕ, овие истите во 5 години не можат да го продолжат, вели Маркова Велинова.