Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) објави дека Олимписките игри во Пекинг ќе се одржат во закажаните термини. Натпреварите ќе се одржат од 4 до 20 февруари.
– Ќе направиме се за да не се уништат соништата на спортистите. Но, за ова, правилата за безбедност воспоставени на Игрите треба да станат не само правила за спортистите, туку и начин на живот, рече Томас Бах на денешната прес-конференција.
Претходно, првиот човек на Олимпискиот комитет на Швајцарија, Ралф Стокли, го повика ИОК да ги одложи Игрите поради ситуацијата со коронавирусот.
Засега, Бах не го послуша овој апел и потврди дека зимската Олимпијадата во Пекинг ќе се одржи во предвидениот термин.