Новиот играч во редовите на Астон Вила, Филипе Кутињо проговори за својата преселба од Барселона во Англија.
– Многу ми е драго што сум овде во овој прекрасен клуб. Разговарав многу со тренерот Стивен Џерард, тој ми кажа за клубот, за неговите амбиции. Мило ми е што сум тука и се надевам дека ќе уживам во фудбалот. Стивен го познавам долго време. Играв со него и научив многу од него. Се восхитувам на оваа личност. Се надевам дека ќе се докажам овде. Дефинитивно ќе работам напорно. Се надевам дека ќе работиме заедно успешно, изјави Кутињо.
Астон Вила во моментов е на 14. место во премиерлигашкиот поредок со освоено 22 бода од 19 натпревари.