Министерката за Европа при Министерството за надворешни работи на Германија, Ана Лирман денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.
Според агендата, министерката Лирман ќе биде примена од претседателот на државата Стево Пендаровски, а потоа ќе оствари средба со владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, по што следуваат и две билатерални средби со заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Фокус на разговор ќе бидат билатералните односи меѓу двете земји, економско-политички прашања како и европската перспектива.