На социјалните мрежи е објавено видео до кое стигна и албанскиот портал „Алмакос“ на кое се гледа како лидерот на ДУИ Али Ахмети со срце и душа пее песна посветена на диктаторот Енвер Хоџа, човекот кој со децении ја владееше Албанија и од неа изгради најзатворена и најзаостаната држава во Европа.
На видеото Ахмети пуши и цигара, што е е чудно бидјеќи тој е страстен љуботел на цигарите, а засега не е познато кога и каде е настанато истото.
Инаку, оние кои тврдат дека своевремено Ахмети бил соработник на КОС, велат дека го знаеле како „марксист-ленинист“, што беше и Хоџа.
На видеото се гледа како тој пее со тажен лик и емоции.