Димитар Ковачевски објави дека е постигнат договор со Сојузот на синдикати и со работодавачите за минимална плата од најмалку 18.000 денари.

Како што објави Ковачевски на својот фејсбук профил, 80.000 сограѓани, работници во различни индустрии, почнувајќи од мартовската плата ќе земаат најмалку 18.000 денари.

-Среќен сум и задоволен што можам да соопштам дека постигнавме договор и со Сојузот на синдикати и со работодавачите. 80.000 наши сограѓани, работници во различни индустрии, почнувајќи од мартовската плата ќе земаат најмалку 18.000 денари, напиша премиерот Ковачевски.

На прес конференцијата по состанокот, тој изјави дека државата ќе ги субвенционира придонесите во делот на разликата меѓу сегашната и новата минимална плата.

 

Оваа сума, како што рече, означува раст на нето платата на овие работници за околу 45 евра месечно.