Власта ретерира и тоа негативно мислење има намера да го преформулира во омаловажувачко или понижувачко мислење но сепак се гледа дека тенденцијата е да се ограничи критиката кон функционерите од власта, рече денеска во изјава за медиумите пртеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.
Интегрален текст од изјавата на Милошоски:
-Денес, би сакал да го искажам ставот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата по однос на според нас, скандалозниот предлог закон кој што дојде во Собранието, а се однесуваше на именување на членовите за одговорност за клевета и навреда.
За прв пат, после едноумието се воведува една формулација каде што би се санкционирало и негативно мислење.
Сега гледаме дека власта ретерира и тоа негативно мислење има намера да го преформулира во омаловажувачко или понижувачко мислење но сепак се гледа дека тенденцијата е да се ограничи критиката кон функционерите од власта.
Ова воопшто не зачудува бидејќи автор на овој текст е академикот Камбовски кој што во 1987 година го казнуваше професорот Марјановиќ зошто сакал да се укине вербалниот деликт.
Нашата порака до министерот Тупанчевски е да го смени последниот министер на Милошевиќ кој што на мала врата го протнува овој вербален деликт, изјави Милошоски.