Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Единсон Кавани сака да ја продолжи кариерата во шампионатот на Шпанија, тврди новинарот Фабрицио Романо.

Според него, 34-годишниот Уругваец, чиј договор со клубот е со важност до крајот на јуни 2022 година, сака да го напушти тимот како слободен играч.

Приоритетна опција за Кавани е шпанската Ла лига.

Фудбалерот нема намера да се пресели во аргентинската Ривер Плата за чиј интерес и претходно беше објавено.

Кавани е во Манчестер јунајтед од октомври 2020 година. Во сезоната 2021/22, Уругваецот забележа 15 настапи за „Црвените ѓаволи“, постигнувајќи два гола и една асистенција.