Емили Мими Валтер (19) од Корнвол, Англија, била на забава наменета за бруцоши. А вечерта и се претворила во кошмар. Најдобрата пријателка Меган ја пронашла Мими, која рекла дека испила два жестоки пијалака, онесвестена во тоалетот на ноќниот клуб. Девојката се сомнева дека во пијалакот некој и ставил дрога за да ја силува.

Меган повикала брза помош, која ја пренела Мими во болница. Таа завршила на интензивна нега и верува дека да не ја пронашла другарка и толку брзо, ќе умрела.

За време на викендот, таа преку Фејсбук ги предупреди другите бруцоши за да не им се случи исто.

-На бруцошката вечер мојот пијалак беше „зачинет”. Ме пронајде најдобрата пријателка во тоалет. Дрогата имаше парализирачки ефект врз моето тело и ве остава целосно несвесни за тоа што се случува околу вас. Воопшто не се сеќавам на минатата ноќ. Ова треба да го споделувате и да ја подигнете свеста за тоа – напиша Емили Волтер на Фејсбук.

-Не земајте никакви пијалаци од никого, чувајте го пијалакот близу до вас и ако мислите дека некој нешто ви ставил во него, побарајте медицинска помош што е можно поскоро, пишува Емили.

Нејзината објава е споделена 16.000 пати.