Американскиот претседател Џо Бајден во обраќање од Белата куќа порача дека вчерашната одлука на Русија да ја признае независноста на двата сепаратистички региона во источна Украина, Донецк и Луганск, е почеток на руска инвазија на оваа земја.
„Рускиот претседател синоќа објави дека ќе отцепи дел од Украина. Слушајќи го неговиот говор, јасно е дека Путин спрема ’аргументи‘ да оди уште понатаму. Ова е почеток на неговата инвазија на Украина“, рече Бајден.
Според Бајден, тоа не било знак дека рускиот претседател сака вистински дијалог.
„Го нападна правото на Украина да постои, се закани на територијалниот интегритет, тоа е закана и за членките на НАТО. Нема дилема, Русија е агресор“, констатираше Бајден.