Војните освен страдање за директните учесници во судирот, носат страдање и за цивилите, а тоа се случува и во актуелниот воен судир во Украина.
– Слики кои се срцепарателни. Постар човек, за чудо, останал жив откако неговиот автомобил бил прегазен од тенк во Киев. Жителите се обидуваат да го извлечат од плочите, објави поранешниот италијански министер и вицепремиер, Матео Салвини на својот профил на Фејсбук.
Не се знае точно чиј бил тенкот, дали руски или украински. Заедно со војната доаѓа и пропагандата, прво беше објавено дека е руски, а на социјалните мрежи (Твитер) дека е украински.
Најважното е дека човекот од возилото е спасен жив, а видеото може да го погледнете ТУКА.
(Д.Г.)