Следната рунда директни разговори меѓу делегациите на Украина и Русија ќе се одржи во Турција од 28 до 30 март, напиша на социјалните мрежи украинскиот преговарач Давид Арахамија.

Британските медиуми пренесуваат дека претходните неколку рунди, и директни и онлајн, разговори што беа одржани откако Русија на 24 февруари ја нападна соседната земја, Украина ги оцени како „многу тешки“. (МИА)