Гувернерот на Флорида, Рон Десантис, денеска потпиша закон за мерки против абортус според кој изведување на процедурата по 15 месечна бременост се смета за незаконска, и тоа без исклучоци како силување, инцест или трговија со бело робје.
Предлог законот стапува во сила на 1 јуни и признава само исклучоци кога бременоста се смета за „сериозен ризик“ по здравјето на мајката или ако се забележат деформации на фетусот потврдени со дијагнози од двајца лекари.
Флорида е последната од неколку републикански држави каде се забранува абортус над 15 неделна бременост. Во вторникот, и сојузната држава Оклахома одобри сличен строг закон според кој процедурата абортус стана незаконска, со исклучок на итни случаи.
Законодавниот дом на Кентаки вчера го отфрли ветото на демократскиот гувернер Енди Бешер за опширниот закон за забрана на абортуси по 15 месечна бременост. Сличен закон веќе постои и во Мисисипи.