Жителите на градот Нарон, во северозападна Шпанија, имаат голем предизвик – до почетокот на 2020-та година, тие мора да ослабнат 100 тона.
Шунка и пржени лигни се исфрлени од менито на стотина жители кои почнале со програмата за слабеење, во тој град.
“Луѓето во 21-ви век заборавија дека се создадени за одење”, вели лекарот Карлос Пинеиро, кој со поддршка на градскиот совет, го иницирал овој предизвик.
Нарон има 40.000 жители, од кои 12.000 се предебели.
На проектот за слабеење, досега се придружиле 4.000 жители, односно 10% од целата популација, а оваа програма ја направиле локалните лекари.
Исхраната и физичката активност се направени во зависност од телесната тежина и здравствената состојба на поединецот, а во центарот на градот се поставени и ваги за контрола на тежината.