Изјавата на една продавачка на пазарот во Бања Лука во БиХ предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи.
Репортерите на босанската телевизија правеле истражувања и анкети на пазарот.
Продавачката го коментирала однесувањето на одредени муштерии кои доаѓале на нејзината тезга.
– Најлоши се оние дами, знаете, со надувани усни и слично. Само викаат „ааа скааапо, скааапо“, а не е скапо кога даваат 300-400 марки да ги надујат усните и за јапонски веѓи и така натаму, изјавила оваа продавачка за „БХРТ“.
Видеото може да го погледнете ТУКА.