Швајцарската влада објави дека замрзнатиот руски имот во таа земја изнесува 6,3 милијарди швајцарски франци и додава дека земјата „одмрзнала“ вкупно 3,4 милијарди франци привремено блокиран руски имот.
– Не можеме да ги замрзнеме средствата ако немаме доволно основа, рече Ервин Болингер, висок функционер во Државниот секретаријат за економски прашања, кој ги надгледува санкциите.
Швајцарија, популарна дестинација за московската елита и место каде се чува голем дел од богатството на Русите, е под зголемен притисок брзо да ги идентификува и замрзне имотите на стотици Руси под санкции.