Инфлацијата во Македонија излезе од контрола заради неспособноста на власта на СДСМ и ДУИ. Рекордна двоцифрена инфлација од 10,5 отсто, како што немало во последните 30 години во државата.
Ова се истакнува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ, кое го објавуваме во целост:
Ненавременото справување со кризите, здравствената и енергетската, како и големиот раст на цените, донесе до тоа да Македонија биде рекордер по растење на инфлацијата.
Сиромаштијата е се поголема, а инфлацијата го изеде животниот стандард на граѓаните.
Додека цените на основните прехранбени продукти енормно растеше од 10 до 50%, цената на нафтата и електричната енергија се качија до плафон, платите на граѓаните останаа исти.
Граѓаните едвај го преживуваат месецот, а владата на СДСМ и ДУИ наместо помош за стопанството и граѓаните единствено мисли на криминални тендери, трошење на парите на граѓаните за непродуктивни работи и луксузирање на владините функционери.
Потребни се брзи предвремени парламентарни избори за да се стави крај на погубните политики во економијата на оваа неспособна власт.
Граѓаните по победата на ВМРО-ДПМНЕ на предвремените избори ќе добијат одговорна власт и посветена влада која ќе работи за заживување и ставање на здрави нозе економијата во државата.
Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ