Судија на претходна постапка го прифати барањето на обвинителството и им одреди притвор на шестмина од седуммината обвинети за случајот парцели за ЕВН, меѓу кои и за двајца поранешни управители во компанијата – Мирослав Митровски и Игор Гиевски. За една од осомничените е одредени мерки на претпазливост- одземање на пасош и забрана за напуштање на местото на живеење, пренесе Телма.
Финансика полиција поднесе кривична пријава. Скопското обвинителство ја прифати и денеска отвори истрага. Но, за да собира докази и да разговара со сведоци за да докаже како двајца управители во ЕВН ги заобиколиле редовните процедури за проверка и од 5 физички лица купувале земјиште за изградба на фотоволтаични централи побара од судот 6 мина од нив да останат зад решетки. Обвинителството стравува дека можат да влијаат на сведоците се наведува во предлогот до кривичниот суд. Мирослав Митровски и Игор Гиевски како управители во ЕВН минатата година купиле земјиште во делчевскиот и беровскиот регион и на 5 физички лица им откулиле десетици илајди метри квадратни за 1,5 милиони евра – но спротивно на постапката во компанијата ЕВН.
„Во постапка за купување на недвижен имот – земјиште со намена за изградба на фотонапонски волтаици, двајцата осомничени не ги почитувале и ги заобиколиле интерните постапки и не ги извршиле неопходните претходни проверки кои што биле должни да ги извршат. Притоа намерно исклучиле дел од вработените лица кои поради нивната стручност било задолжително да бидат вклучени во постапката, а на дел од вработените им дале директни наредби и насоки за изготвување на cost benefit анализи за исплатливоста на инвестицијата, вметнувајќи невистинити податоци и прикривајќи ја реалната состојба,“ се наведува во известувањето на јавното обвинителство
Двајцата управители според обвинителството сториле кривично дело измама во службата, а петтмина други им помагале. Сомнеж за измама постои месеци наназад кога сопствениците на земјиштата започнале да го укрупнуваат имотот.
„Осомничените првично ги стекнале парцелите со формални договори за дар, кои во суштина се договори за купопродажба бидејќи за трансакцијата им биле исплаќани парични средства. Со тоа незаконски била избегната обврската за достава на писмена понуда или објава на јавен оглас за земјиштето. Дел од наведените катастарски парцели не ги исполнувале критериумите за пренамена од земјоделско во градежно земјиште согласно Законот за урбанизација, дел од катастарските парцели не исполниле услов согласно објавените критериуми“, се вели со соопштението на ЈО.