Антикорупциска ќе му предложи на обвинителството кривично да ги гони екс генералните секретари на владата Драги Рашковски и Мухамед Заекири поради сомнеж дека спротивно на закон вработувале стотици лица на договор на дело од 2017 до декември 2021. Авторските договори и договорите на дело беа во фокусот на денешната седница на ДКСК. Иницијатива до обивнителството, антикорупциска ке поднесе и за градоначалниците на 4 општини и државниот правобранител кои во ист перод ја ангажирале новинарката Бесмира Ејупи која требаше да стане и генерален конзул во Њујорк.
Над 500 авторски договори склучени за 4 години со една иста агенција за интелектуална сопственост и потрошени 2 и пол милиони евра. До овие бројки дојде антикорупциска истражувајки ги авторските договори на владиниот генерален секретаријат.
Антикорупционерите се сомневаат дека има заобиколување на законите и злоупотреби но ова ке треба да го истражи обвинителството на чија адреса ќе поднесат иницијатива за кривично гонење на екс генералните секретари на владата Драги Рашковски и Мухамед Зекири против кои обвинителството за други дела води предмети, едниот во судска постапка другиот се уште во истрага.
-ДКСК стекна сознанија дека конечно, пред склучување на договор, Генералниот секретаријат писмено се обраќал до авторската агенција, од која барал склучување на авторски договор со конкретни лица чии лични податоци (име и презиме, матичен број, адреса на живеење, трансакциска сметка) се содржани во барањето, во кое се наведени задачите што лицето ќе ги извршува, месечниот надомест и периодот на ангажман, рече Билјана Ивановска, претседател на ДКСК.
Антикорупциска предлага криивчно гонење на градоначалниците на Чаир, Сарај, Петровец и Брвеница и Државниот правобранител за ангажирање со договри на дело на ноивнарката Бесмира Ејупи.
Антикорупциска оценува дека и други државни и локални институции и масовно ги злоупотребуваат авторските договори и договорите на дело.
-Според мислењето на ДКСК, степенот на влијание на вака спроведените постапки е сериозен во општествени размери, особено доколку се земе предвид на големо воспоставената пракса на склучување на договори за услуги од авторски агенции. Врз основа на јавно достапни податоци, ДКСК утврди дека во периодот од 2018, заклучно со 2022 година, државни институции/органи на државната управа и на ЕЛС како и јавни претпријатија склучиле договори во вкупна вредност од 300,203,768 денари само со една агенција за интелектуална сопственост, беше истакнато на денешната седница на ДКСК.
Тоа значи дека на државно ниво за последните 3 и пол години биле дадени околу 5 милиони евра за авторски договори за работни обврски за кои во институциите има веќе вработено други административци. На тој начин се заобиколува и законот за работни односи.
Според антикорупционерите ќе треба да се ограничи и дискреционото право на министерот за финансии да дава согласност за неограничен број на договори на дело повеке од дозволениот број со закон затоа што на овој начин се зголемува и така гломазната администрација.