Речиси 330 милиони киловат часови годишно, или околу 28 милиони киловат-часови месечно струја трошат 17 домаќинства во земјава. За што се се троши 10 проценти од вкупната потрошувачка за домаќинствата или приближно 30 % од домашното производство од хидроелектраните на ЕСМ, никој од надлежните не открива.
Единствено што е познато од досегашните информации е дека овие домаќинства потрошената струја ја плаќале редовно. Од ЕВН за ТВ24 велат надлежни се за делот на мрежата само до броилото.
„Електродистрибуција располага само со податоци за потрошувачка за секој корисник поединечно и е надлежна за делот на мрежата до броилото, но не за потрошувачките уреди внатре во објектот“, велат од ЕВН.
Регулаторна го крои новиот тарифник, оние семејства кои трошат енормно многу струја ќе ја плаќаат по цена ближу пазарната. Засега не се прецизираа која ќе биде границата на потрошена струја над која цената потоа би била поскапа. Евтината тарифа навечер и во неделите нема да се чепка кај високата тарифа се размислува за поделба во 3 или 4 блокови.
Впечатокот е , меѓутоа, дека овие 17 селејства чии имиња остануваат тајна, беа искористени за да се зголеми центаа на електричната енергија за сите што се греат на струја, а затплуваат повеќе од една соба, почесто се тушираат или користат машина з аперење алишта.
Од Алијанса за Албанците вчера обвинија за „копање“ криптовалути во училишта кои се, како што велат раководени од ДУИ. Ја повикаа полциијата да преземе соодветни чекори. ТВ24 денеска побарала став и од МВР, и од ДУИ, и од ЕВН, но и од Министерството за образование и наука, а одоговор добиле само од ЕВН.
Оттаму за ТВ24 велат како најголеми причинители за неовластено користење на струја, а истото важи и за загубите е копањето крипто валути, кражбите на електрична енергија од страна на домаќинствата, малите комерцијални објекти коишто имаат голема потрошувачка како и приватната потрошувачка, но појаснуваат струјата што се губи во суштина не се мери и не се знае кој е крајниот потрошувач, па оттука не се знае колкав е уделот на загуби предизвикан од копање криптовалути во вкупните загуби.
Во моментов за потрошувачка во ниската тарифа граѓаните плаќаат по 3,67 денари за киловат, додека во висока тарифа цената чини 7,32 денари за киловат час потрошена електрична енергија.