Срцевата слабост како постковид компликација сериозна закана и причина за што поголем број пациенти на државната кардиохирургија. За оваа состојба ако не помогнат стандардните интервенции последниот чекор е трансплантацијата. Оние кои го прележале вирусот да не ги занемаруваат симптомите кои се појавиле потоа апелираат лекарите.
– Имаме група на пациенти со постковидно оштетување на срцето помало или поголемо. И во блиска иднина ќе ги имаме и повеќе и некои ќе бидат и со срцева слабост за што ќе треба и повеќе ангажман, вели проф. Др. Сашко Јовев директор на Клиниката за кардиохирургија.
Срцевите оштетувања после ковид инфекција не се случај само во Македонија. Српскиот кардиохирург Слободан Мичовиќ и неговиот колега од Хрватска Хрвоје Гашпаровиќ велат дека мора да има сериозен пристап за постковид компликациите.
-Уште еден голем предизвик е состојбата после ковид. Се соочуваме со голем број пациенти кои не биле лекувани соодветно во пандемијата поради познати причини, изјави проф. Др. Слободан Мичовиќ кардиохирирг од Србија
-Зборуваме за пациенти кои и пред ковид примале лекарства што го успоруваат имунолошкиот систем и кога се инфицирани со ковид тоа е навистина голем проблем и често се бориме со предизвици кои се потешки отколку кај стандардната популација инфицирана со ковид. Оштетување на белите дробови и постковид синдром се нешто што не треба да се игнорира бидејќи е сериозен проблем, вели проф. Др. Хрвоје Гашпаровиќ од Загреб
Постковид состојбата е само сегмент од темите за кои денеска во Скопје дискутираат кардиохирурзи, кардиолози, торакалци од Србија, Хрватска и други земји од регионот на симпозиумот организиран од македонското и српското здружение за кардијална, торакална и васкуларна хирургија.