При денешната посета на општина Гази Баба, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на најавите за референдум и зошто не се отпочне веднаш постапката за собирање потписи истакна дека се уште трае анализата и консултацијата со експерти од областа, а граѓаните да бидат спокојни бидејќи промената на Уставот нема да случи бидејќи за тоа гарант е пратеничката група на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

„ Се уште трае анализата знаете ова се сериозни работи, ние сме сериозни луѓе кои што сакаат кога ќе излеземе пред граѓаните со одредено барање сакаме тоа да се темели на факти и правни но и да немаме простор за дополнителни толкувања дека тоа можело да биде сфатено така или да биде сфатено онака. Затоа во периодот кој што следи дополнително ќе го искористам да се консултирам со експерти од оваа област и од уставното право а ги има многу кои што се и околу мене, но и тие кои што не се околу мене, за да јасно го дефинираме прашањето, и да јасно ја дефенираме методологијата со која што ќе излезиме пред граѓаните. Но суштината е дека процесот на билатерални разговори и преговори со Бугарија е еден процес, процесот на менување на Уставот и вклучување на дел од бугарскиот народ во преамбулата и во нормативниот дел е друг процес, и трет процес е прифаќање на предлог преговарачката рамка. И тие три процеси не треба да ги поврзуваме еден со друг иако некој сака тие три процеси да ни ги поврзе“ нагласи Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицксоки истакна дека промената на Уставот нема да случи бидејќи за тоа гарант е пратеничката група на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

„Да бидам попрецизен протоколот кој што го потпиша Бујар Османи, сега ја подотвори вратата односно ја отвори вратата за Албанија да ги почне преговорите но не и за Македонија. За да Македонија ги почне преговорите потребно е да се промени Уставот односно преамбулата па дури потоа според документот заеднички став на Европската унија ќе биде свикана првата меѓувладина и ќе биде усвоена предлог преговарачката рамка. Дека нема да биде сменет Уставот говори бројноста на пратеничката група на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ тоа се 44 пратеника плус пратеници од опозицијата кој што исто така се противат на идејата за промена на Уставот. Така што во овој момент владата нема две третини што значи дека предлог преговарачката рамка останува предлог преговарачка неусвоена. Ние бараме истата да претрпи измена во членот 5 алинеа 4 каде што таа сега ваква каква што е се повикува на билатералниот договор и протоколот кој што го потпиша Бујар Османи и протоколите кои што ќе ги потпише. Тука треба да ја бараме суштината во сето ова. Но за да дојдеме до суштината ќе ми дозволите да ги завршам консултациите со луѓе кои што се сепак експерти во уставното право во ваквиот начин на изјаснување за референдум, да ја дефинираме методологијата и потоа ќе излезиме, но ценам дека треба тука да ја бараме суштината инаку промената на Уставот сите да бидат спокојни нема да случи бидејќи за тоа гарант е пратеничката група на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ“ заклучи Мицкоски.