Мурињо во Подгорица ќе го гледа натпреварот меѓу Црна Гора и Србија

/ 11.10.2018

Тренерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо допатува денеска во Подгорица, каде ќе го гледа натпреварот меѓу Црна Гора и Србија во Лигата на нациите.

Потугалскиот стручњак првенствено доаѓа во живо да ги види српскиот фудбалер од Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, и неговиот клупски соиграч и црногорски репрезентативец Адам Марушиќ.

Воедно тренерот на Јунајтед се интересирал и за српскиот репрезентативец и член на Фиорентина, Никола Миленковиќ.

Мурињо натпреварот ќе го гледа во друштво на поранешниот југословенски репрезентативец Предраг Мијатовиќ.


Од истата категорија