Четворица фудбалери на македонскиот национален тим имаат симптоми на стомачен вирус, објавија од федерацијата, на еден ден пред почетокот на дуелот со Лихтенштајн во Лигата на Нации кој ќе се одигра утре од 20.45.
Ова се неочекувани проблеми за селекторот Ангеловски, кој денеска ќе се обрати до јавноста на прес-конференција од 17 часот. Тренингот е презакажан наместо во 11 часот, за попладнево во 17.30 часот.
Фудбалерите и утринава се жалат на стомачни мачнини, а лекарскиот тим ги презема сите мерки да ги оспособи за извршување на сите активности.