Олгица Н. ТРАЈКОВСКА
По повод Денот на словенската писменост, при приемот кај тогашниот поглавар на Руската православна црква во Москва, како претставник на РМ, меѓу сите останати од други држави, во својот поздравен говор укажав на неправдата што никој од прусутните, па ниту РПЦ, не ја признаваат својата Мајка МПЦ, ниту македонскиот корен на својата писменост…и сл. во таа смисла.
Преведувачката не сакаше да преведе. Настана непријатен молк. Сепак, на неволен знак од Поглаварот, преведувачката преведе. Беше тоа пред многу години.
Поради многу нешта денеска ми е горчлив приемот на нашата АПОСТОЛСКА Црква (МПЦ-ОА) во “сестринското единство, како најМЛАДА”, особено меѓу нејзините ќерки…