Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, денеска изјави дека Германија и објавила хибридна војна на Русија, коментирајќи ја изјавата на германскиот канцелар Олаф Шолц дека Русија повеќе не е сигурен снабдувач со енергија, по затворањето на Северен тек 1, пренесува Риа Новости.
„Тука се! Повторно се навредени“, напиша Медведев на својот канал на Телеграм.
Медведев рече дека Германија, со воведувањето санкции и испраќањето оружје на Украина, објави хибридна војна против Русија, што, според него, значи дека Берлин работи како непријател на Русија.
„Германија е непријателска земја затоа што воведе санкции за руската економија и нејзините граѓани, и испорачува смртоносно оружје на Украина што се користи против нашите сили“, додаде Медведев.