Нека е честит 8-ми Септември, Денот на независноста, се вели во честитката од Амбасадата на Русија во Македонија
– На овој значаен и историски ден пред 31 година граѓаните на Македонија се определија за суверена, независна и самостојна држава! Оттогаш 8 септември стана симбол на одлучноста и непоколебливоста на македонскиот народ! Нека е честит 8-ми Септември, Денот на независноста!- се вели во честитката упатена на официјалниот профил на Руската амбасада.