Конечните резултати од парламентарните избори во Шведска ја потврдија победата на десничарската коалиција. Таа доби 176 пратеници, а коалицијата на левиот центар со учество на социјалдемократите – 173 пратеници. Одѕивот на гласачите бил 84 отсто, јави ДПА.
Десничарскиот блок е предводен од лидерот на Умерената коалициска партија, Улф Кристершон, но шведските демократи освоија најмногу гласови во коалицијата, која беше поддржана од 20,54 отсто од гласачите и доби 73 места во Парламентот.
Најголем број Швеѓани гласаа за владејачката Шведска социјалдемократска работничка партија – 30,33 отсто, со што добија 107 пратенички места. Но, тие не и се доволни за да формира кабинет заедно со коалиционите партнери.
Премиерката Магдалена Андерсон веќе ја објави својата намера да се повлече поради изборниот пораз.
Новиот кабинет ќе добие појасни контури утре кога ќе почнат првите консултации за формирање влада. Премиерката Андерсон ќе ја води преодната влада додека новата не ја преземе власта.